ПЕТ НАЧИНИ KAKO ДА ГО РАЗБУДИТЕ АВАНТУРИСТОТ ВО СЕБЕ ОВАА ПРОЛЕТ
Пролетта наближува, природата околу нас се буди - разбудете го и вие авантуристот во себе - со незаборавно доживување во недопрените планински предели на Крушево.
Без разлика дали сте за планирање на нога, искачување со велосипед, возбудливо возење со АТВ, амфибијаили со едниствениот Jeep Wrangler Rubicon, прекрасната природа околу Крушево ви нуди можност за адреналинска рекреација и неверојатни глетки кои ќе сакате да ги доживувате, сликате и раскажувате повторно и повторно!
1. ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИЗАМ
Без разлика дали сте маунтин бајкер со илјадници километри зад себе или почетник кој допрва навлегува во возбудливиот свет на планинскиот велосипедизам, крушевската корија ви нуди незаборавно возење по обележани патеки кои водат се до Врвот Мусица на 1788 метри надморска височина!
Немате велосипед? Испробајте ги нашите TREK 29” велосипеди, а побарајте и персонализирана тура со водич за да не пропуштите ниту една од скриените глетки и прекрасни места во околната природа!
Патеките околу Крушево се соодветно обележани, а може да ги следите и со апликација.
2. QUAD АВАНТУРА
Ако ве привлекуваат брзината и високите октани, тогаш ќе ја обожувате офроуд акцијата со АТВ мотори! Изберете го вашиот од нашата флота која располага со квадови од 300 до 1000 кубици и освојте го возбудливиот терен наоколу сами или со персонализирана тура и водич!
3. САФАРИ МУСИЦА
Со PANORAMA SAFARI ве водиме на уникатно возење со амфибија!Се искачуваме до врвот Мусица на Бушeва, каде што ја добивате цела Пелагонија на дланка! Кој бил, знае – глетката е неверојатна и останува со вас засекогаш!
Доколку сакате двојна доза адреналин, од врвот спуштете се со велосипед по адреналинските спустови PANORAMA FLOW TRAILS.
4. ЈАВАЊЕ КОЊИ
Поврзете се одново со природата! Во соработка со локалните чинители ви нудиме јавање на коњи за почетници и искусни јавачи.
5. ПАРАГЛАЈДИНГ
Никогаш доволно адреналин? Тогаш продолжете со параглајдинг! Крушево е светски параглајдинг центар, а ние соработуваме со најдобрите инструктори и најопремените клубови!
НАПОМЕНА
PANORAMA ALL SEASONS авантурата го зајакнува Вашиот и имунитетот на Вашето семејство!
Авантурата е достапна и за корпоративни групи и тим билдинг искуства, а одлично се надополнува со релаксација во Панорама Хотел и Спа!
Немате повеќе изговор! Букирајте ја вашата PANORAMA ALL SEASONS авантура тука и оваа пролет освојте нови височини!